Рита Ора казнета во Лондон, организирала журка со 30 луѓе среде карантин

Британската пејачка со косовско потекло, Рита Ора, беше принудена да се извинува во јавноста откако пред неколку дена организирала забава во Лондон, на која присуствувале „30 најблиски пријатели“.

Според медиумите во Британија, никој од присутните на забавата не носел маска, а журката била организирана во време кога главниот град е под „целосно заклучување“, сет мерки за заштита од коронавирусот кои вклучуваат забрана за работа на трговските и угостителските објекти, забрана за јавни и приватни собири, како и полициски час.

Наспроти важечките прописи, Рита и нејзиното друштво безгрижно пиеле и играле во ресторанот и пред него, но по некое време се појавила полицијата.

„Се извинувам, тоа беше лоша проценка. Правев мал собир по повод прославата на мојот 30-ти роденден,“ напиша поп-ѕвездата на социјалните мрежи по реакциите во јавноста.

Според извештаите, Рита Ора била казнета со 10.000 фунти поради роденденската журка, а таа, според сопственото тврдење, и веќе ја платила казната.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!