Само на територијата на град Скопје во изминатово деноноќие изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои и 26 санкции за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР.
Возењето без возачка дозвола е вообичаена работа за еден дел од скопјани. Дали ќе биде вообичаено полицијата да ги лови и казнува поупорно, се додека не се намали нивниот број, ќе видиме наскоро.

Инаку, Освен ова, изречени се и 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Се наведува во соопштението.
Извор: skopskoeho.mk