среда, 22 септември, 2021

Искрена изјава на познат:„Должам милион и пол евра, важно е дека главата ми е на рамењата“

-Ако некои други должат, зошто не можам и јас? Еден и пол милиони евра воопшто не е мала сума – рече Дарко

Пејачот Дарко Лазиќ е во долгови веќе некое време, а како што истакна сега, долговите му се зголемија значително.

Дарко ја шокираше јавноста кога откри дека сумата што ја должи е еден и пол милиони евра, но додаде дека знае дека ќе го плати сето тоа.

-Се уште не ги вратив долговите, тие се зголемија. Беше милион, сега е милион и пол. Но добро, штом почнам да работам, ќе ги вратам. Важно е дека главата ми е уште на рамењата – рече Дарко и додаде:

-Ако некои други должат, зошто не можам и јас? Еден и пол милиони евра воопшто не е мала сума – рече Лазиќ.

Водителката го праша пејачот дали се шегува, на што тој одговори:

-Не се шегувам. Кого треба да го интересира дали должам или не? Дали сега треба некој да ме убие за тоа? Сè е за луѓето, јас сум најнормалната личност. И да должам, знам дека ќе возвратам – заклучил пејачот за шоуто „ДеТоксик“, не сакајќи да открие кому му должи толку пари.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!