четврток, 2 февруари, 2023

Грција ја продолжи одлуката за забрана на влез од трети земји

До 14-ти декември, Грција ја продолжува одлуката за забрана за влез на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот.
Од превентивни причини се забранува влез низ копнените граници на грчка територија, освен ако лицата исполнуваат конкретни предусови.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија кон Албанија, Евзони кон Македонија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест. Овие гранични премини се отворени од 7 до 23 часот, а забраната не важи за грчки државјани. Копнените граници со Македонија и Албанија се затворени веќе осум месеци.

Извор: telma.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!