Кралскиот клуб во паника, Зидан не знае што се случува

По синоќешниот пораз од Алавес со 1:2, и тоа како домаќин, паника во кралскиот клуб. Реал Мадрид е на колена, речиси сите светски спортски медиуми ја анализираат ситуацијата со клубот, но по малку и се потсмеваат на очајната есен на тимот на Зинедин Зидан во Ла Лига.

По мечот токму Зидан немаше вистинско објаснување.

„Навистина немам објаснување зошто се случи ова, не знам што навостина се случува. Игравме добро со Интер, но не на овој меч со Алавес. Наизменично се менуваме во добри и лоши периоди. Така е кога противникот уште во 3-тата минута ќе погоди, тогаш доаѓаат проблемите. Тоа е реалноста, од неа нема бегање. Ни останува уште понапорно да работиме.Повеќе од јасно е дека ни недостасува стабилност. Имаме навистина лош старт на сезоната, имаме проблеми со повредите, но тоа не смее да биде оправдување“ рече Зидан.

Инаку сезонава во Ла Лига Реал има пет победи, две ремија и три пораз. На последните три меча нема победа, но има гол разлика од 3:7, тоа е вистинска катастрофа. За споредба лани во целата сезона Реал имаше три порази.

Извор: vecer.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!