Шокантни информации од Аргентина: Човекот кој требало да пази – го уништил животот на Марадона

Од средата, светот остана без големината на човекот и фудбалерот Диего Марадона.

Неговото срце се „предаде“, а неговата смрт е една од главните теми со денови. Целиот свет пишува за Марадона, последиците од неговата смрт, неговиот погреб, но и тажните сцени на сите континенти.

Сега се појави уште една неверојатна информација. Имено, аргентинскиот весник Кларин објави дека Марадона е погребан без срце!

Се наведува дека овој потег е направен откако лекарите забележале за време на обдукцијата дека срцето на Марадона е поголемо од нормалното, па во договор со семејството, тоа било испратено на дополнителни прегледи.

Аутопсијата покажа дека причина за смртта е белодробен едем, што доведе до срцев удар. Утврдено е дека срцето на Марадона е зголемено и слабо и дека е потешко да пумпа крв во остатокот од телото и дека легендата едноставно немал спас.

Човекот кој последниот ден бил одговорен за здравјето на покојниот Диего Армандо Марадона, хирургот Леополдо Луке, е под истрага на обвинителството поради, како што наведоа аргентинските медиуми, небрежност и пропусти во третманот на фудбалската легенда!

Според „Телеграф“, истрагата била покрената по сведочењето на ќерките на Марадона, Далма, Џана, Џанина, а обвинителството одговорило со наредба-полицијата да изврши рација на двете адреси каде што обично престојувал Леополдо Луке – во клиниката каде што работи и дома.

Локалните медиуми јавуваат дека дури 60 полицајци биле вклучени во оваа акција, на споменатите две локации, каде што на Луке му биле одземени сите документи што можат да послужат како доказ во истрагата.

Луке ќе се појави на суд во текот на денот, или во понеделник, каде ќе одговара за небрежност и пропусти во постапките по отпуштањето на Марадона по операцијата на главата, која тој лично ја водеше на клиниката во Буенос Аирес.

Луке е обвинет дека не ги спровел сите потребни процедури за време на отпуштањето на Марадона од болницата, за неговата небрежност и довела до тоа Диего да нема соодветна и брза медицинска помош кога му се слошило.

Повикот на Луке во брза помош, кога бил информиран дека на Марадона му е лошо, исто така ќе послужи како доказ за обвинителството. Како што објави аргентинскиот портал „Ел Диа“ пред два дена, Луке за време на краткиот разговор со својот соговорник од брзата помош, не кажал дека на Диего Марадона му е потребна итна интервенција, туку на 60-годишен маж.

Леополдо Луке не бил до Марадона кога починал.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!