среда, 22 септември, 2021

Дозволете нешто да ви кажам за нашето здравство – не е поврзано со корона вирус

Корона вирусот е главна тема во оваа 2020 година, здравството едноставно е тесно поврзано и речиси се зборува само за опасниот вирус, а ретко кој може да пренесе некое друго искуство.

Често може да се забележат и јавни критики по одредени прашања, но овојпат ќе ви пренесеме едно поинакво искуство на Димитар Ников, човек кој раскажа што му се случило вчера со македонското здравство, а истото не е поврзано со корона вирусот.

-Постов не е директно поврзан со Ковид-19, но има важна информација за јавното здравство. Вчера од домот за згрижување стари лица каде што престојува татко ми, ми се јавија дека паднал и најверојатно го скршил колкот, па да дојдам и да го носиме на снимање за да се утврди повредата.

Инаку татко ми има 84 години. Ме фати паника, та нели Брза помош не доаѓа за СТАРИ ЛУЃЕ и не ги примаат по болници (генерално се информации кои кружат)…

Фото: Илустрација

Се јавивме во Брза помош во 9:30 часот и рекоа дека во 10:30 ќе дојде возило. Стигна возилото и викам веднаш на снимање ПРАВИТНО (нели во Државна нема шанса..) Го снимивме и се испостави скршен колк, а радиологот ми вика веднаш на Ургентно.

Возиме кон Ургентен центар и се прашувам што ќе правиме ако не го примат. Меѓутоа се испостави дека тоа што се збори и пишува за Јавното здравство НЕ Е ТОЧНО. Го примија, направија анкета за Ковид-19 (имаше прележано во август со лесна клиничка слика) и ми рекоа дека не требало приватно да го снимиме бидејќи мора они да го снимаат.

Фото: Илустрација

Со болничар отидовме на рентген, направија снимки на колку и плуќа и ни дадоа упут за на Траума. Таму веднаш го хоспитализираа и ми рекоа дека ќе се направи опсервација даи и кога ќе може да се оперира.

Епа луѓе заклучок: Не се јавував нигде за „да фатам врски“, а персоналот на Ургентен и Трауматологија си постапки онака како што треба. НАЈПРОФЕСИОНАЛНО И ХУМАНО.

Сепак, треба да се има доверба во ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО и да не се критикуваат паушално и со тоа да се креира погрешно мислење за ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД „Државното Здравство“ благодарнот до:

Возачот Драган од Брза помош кој помогна во транспортот, цела екипа на Ургентен центар и персоналот на Трауматологија за приемот и пред се за човечкиот однос, а борбата заедно со нив за позитивен исход во лекувањето ја продолжуваме….

Коментари

коментари

error: Content is protected !!