среда, 22 септември, 2021

Скопје се гуши во отровна магла

Северна Македонија е на врвот на листата на најзагадени земји во светот, со 3000 жртви годишно, како последица на загадениот воздух.

Скопје наутро е покрено со бел јорган од смог. Секоја есен и зима сликата е иста. Северна Македонија е на врвот на листата на најзагадени земји во светот, со 3000 жртви годишно, како последица на загадениот воздух.

На крстоницата кај Мавровка во Скопје врие од сообраќај. И додека тој се случува, мерната станица го мери загадувањето.

Горјан Јовановски е еко активист. Тој го чува Скопје и од себе, возејќи велосипед. Автор е на апликацијата „Мој воздух“ со која податоците за загадувањето станаа достапни на сите, дури и на 41 земја во светот.

Горјан вели дека е важно да се најде начин градот да се ослободи од загадувањето на воздухот што поскоро.

Апликацијата ги има податоците од сите мерни станици во земјата, и државните и волонтерските. Но, при проверката немавме среќа со мерната станица кај Ректорат, бидејќи таа не работи. Иако сите други околни станици покажуваа дека „Квалитетот на воздухот е загаден или опасен“

„Точно, тој ПМ10 сензорот кој што е во станицата, не работи од 18 октомври, информација која што може да се види во самата апликација ‘Air care’ од одредена причина, се расипал самиот сензор или не е функционален, или е пратен на поправка. За жал ние тука веќе не знаеме што дишеме поради тоа што вакви сензори се расипуваат на повеќе мерни станици од државата ширум Македонија”, вели Јовановски.

Еден од факторите за загадувањето е сообраќајот, тоа се забележа за време на полицискиот час годинава. Скопје нема гасификација, загревањето на домаќинствата е една од причините за попладневните пикови. Но, на нив им се придружува и индустријата.

Целата вест може да ја прочитате ОВДЕ

Извор: dw.com

Коментари

коментари

error: Content is protected !!