недела, 24 јануари, 2021

Лазаревска: Инвестираме во образованието со Буџетот за 2021, за 2,5 пати зголемени средствата за капитални инвестиции

Буџетот на Министерството за образование и наука за 2021 година е поголем за 1,1 милијарда денари каде најголем дел од овие средства се насочени директно за подобрување на образовниот систем, изјави пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

-Почитувани граѓани, почитувани новинари

Предлог Буџетот за 2021 година обезбедува средства за реформа на образовниот систем и унапредување на наставниот процес во основното и средното образование.

Буџетот на Министерството за образование и наука за 2021 година е поголем за 1,1 милијарда денари каде најголем дел од овие средства се насочени директно за подобрување на образовниот систем.

Капиталните инвестиции за 2021 година се предвидени на една милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе во однос на 2020 година. Со овие средства обезбедуваме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици.

Следува реконструкција на основни и средни училишта, изградба на спортски сали во училиштата, како и реконструкција на студентски домови.

Буџетот за следната година обезбедува и поголема инклузивност. 54 милиони денари се наменети за ангажирање на образовни асистенти, со што овозможуваме секое дете да го развие својот потенцијал преку креирање на инклузивни образовни политики и грижа за индивидуалните потреби на учениците.

Во однос на ученичкиот и студентскиот стандард, веќе од декември следува нова динамика на редовна месечна исплата на студентските и ученичките стипендии.

Со 900 милиони денари наменети за стипендии за ученици и студенти, како и започнување на исплатата на бесплатен студентски оброк, го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50.000 млади лица.

Парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ продолжуваат да инвестираат во образованието, кое е клучен сегмент за развојот и напредокот на секое општество.

Остануваме посветени на мерки и програми што обезбедуваат подобри услови за работа на наставниот кадар, поголема помош за учениците и студентите и инклузивен наствно-образовен процес.

Инвестициите во образованието продолжуваат уште повеќе, за да биде уште подобро за сите, изјави Жаклина Лазаревска.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!