Јоци: Многу сте се зезнале – каде легнаа моите пари?

Во изминатата недела се префрлаат парите на сметка на граѓаните од викенд без ДДВ, како и парите од поврат на ДДВ од претходното тримесечје.

Сепак, на социјалните мрежи може да се забележи како повеќе граѓани реагираа дека на нивните сметки пристигнале значително помалку пари, отколку што навистина било потребно.

За овој проблем се огласи и новинарката Јорданка Ивановска – Јоци, која како што кажа, нема намера да молчи – напротив ќе си ги бара нејзините пари затоа што нема намера на никого да ги поклони.

-Оние несреќине од Министерство за финансии ми префрлиле 92 денари за МОЈ ДДВ! Шо ви е бе, еј

Дечки, сте згрешиле една нула, т.е треба да ми префрлите 920 денари плус она ДДВ околу 300 денари од ,,Викенд без ДДВ”!

И во чиј џеб завршиле моите пари?

Ако мислите ќе ви ги подарам – многу сте се зезнале!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!