понеделник, 19 април, 2021

Исплатени се субвенциите за овошни и градинарски култури, доделени се и првите договори за набавка на трактори

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, заедно со заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој. Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.

Владата и Агенцијата водат сметка не само за руралниот развој и подобрување на животот во руралните средини, туку и за земјоделството воопшто. Ова го нагласи директорот на АФПЗРР Николче Бабовски вчера во Кавадарци, информирајќи дека се исплатени субвенциите за овошни и градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Тој соопшти дека на сметките на 3.647 земјоделци, се исплатени 229,5 милиони денари.

„Вкупната финансиска поддршка за сите 540 апликации изнесува 206.000.000 денари. Најголем дел од апликантите побараа набвка на трактори од марката Тафе, Солис, Махиндра. Заради заштита и намалување на ширењето на ковид 19, сите кои имаат аплицирано за оваа мерка и ги исполнуваат условите, а денеска не се овде, договорите заедно со упатство ќе ги добијат на домашна адреса. Откако ќе ги заверат и потпишат два примерока од договорите, ќе треба да ги вратат во Агенцијата. По што може да почнат и со реализација на инвестицијата односно со набавката на тракторот кој им е одобрен со договорот”, изјави Бабовски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!