понеделник, 18 октомври, 2021

Венко Филипче на вонреден прес откри: Правиме споредба – воведување на полициски час нема да донесе никакви значајни промени

Актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција за актуелната состојба со ковид-19.

Првично тој ги пренесе бројките од глобално ниво, како и ситуацијата од вирусот во Европа, но и во нашиот регион односно Балканот.

За ситуацијата во Македонија, во последниот период има благ пад на бројот на позитивни, откако го достигнавме рекордот на дневно ниво од 1.407 позитивни.

Како на глобално ниво, така и во Македонија висок е бројот на починати од Ковид-19, а од друга страна радува фактот дека се зголемува бројот на оздравени во домашно и болничко лекување.

На Воено-медицинскиот центар во Скопје денеска ќе биде предадена донација од брзи ковид тестови обезбедени од Кралството Норвешка.

Министерот откри и дека повеќе вакцини се во завршна фаза, со што очекува дека истите до крајот на годината ќе бидат пуштени во употреба, а веќе во новата 2021 година ситуацијата полека ќе доаѓа во нормала.

На првото прашање за можен полициски час од 21 до 05 часот, како и воедно како ќе се спречат собирањата во доцните часови, Филипче истакна:

Секојдневно ги анализираме бројките, правиме споредба со дел од времето кога имаше такви мерки. Моменталнтие мерки даваат резултати. Размислувавме и за други мерки, но сега сметаме дека нема потреба. Полициски час после 21 часот нема прилично ништо да донесе, угостителските објекти се затворени, а забрането е и групирање на повеќе луѓе. За домашните собирања, не можеме да реагираме – се е до свеста на самите граѓани,- изјави Филипче.

Тој објави и дека разговарал со градоначалникот на Прилеп, кој побара полициски час – засега како што вели Филипче добро се менаџира во болницата во Прилеп и има слободни кревети.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!