СЗО: Вакцината ќе ни даде значителна контрола над вирусот следната година

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против короната треба да му даде на светот „значителна контрола над вирусот следната година“.

“Животот на кој сме навикнати пред пандемијата – мислам дека е многу, многу возможен повторно, но мора да продолжиме да одржуваме хигиена, физичко растојание. Вакцините не значат дека нема да имаме случаи на корона. Сепак, ставањето на вакцината во играта ќе ја сруши кривата, ќе завршат рестриктивните мерки и ќе ни контрола над болеста “, рече Рајан синоќа, како што објави Ројтерс.

Тој додаде дека е потребна свесност дека „треба да ги намалиме шансите короната да продолжи да се шири“.

“Јас советувам голема претпазливост за време на новогодишните празници. Во Ирска, од каде што сум, во кујната има 15 луѓе кои лупат компири и заедно подготвуваат оброци за Божиќ. Сега не смееме да го правиме тоа”, додаде Рајан.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!