Поставен шатор за пациентите кои чекаат ред за тестирање или преглед

Поставен е шатор за пациентите кои од целиот источен регион чекаат на прегледи пред дневната Ковид амбуланта на штипското Инфективно одделеление. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека клупи, маси, греалки и дезинфекциски средства ќе им бидат достапни на пациентите, кои мора да чекаат.

-Пациентите да се згрижат на малку потопло ни помогнаа на некој начин волонтерите на Општинската организација на Црвен крст и извидничката организација Еквинокс, со монтирање на шатор, кој ќе биде затоплен и каде што од едната страна ќе влегуваат, а од другата страна ќе излегуваат пациентите и ќе одат на тестирање на Инфективното одделение, изјави Шуманска.

Марина Шуманска

Викторија Милановска секретар на Општинската организација на Црвен крст-Штип вели дека шаторот е со внатрешна површина од 20 квадратни метри, а на болницата на користење дадени им се клупи и маси.

-На Инфективното одделение дониравме и 300 ќебиња, 80 комплети постелнина, 30 пара пижами за пациентите и 1.500 хирушки маски, изјави Милановска.

Таа истакна дека денеска во регионалниот Ковид центар се хоспитализирани 57 пациенти, а почината е 61 годишна жена од Штип. Прашана дали оваа недела е намален притисокот за хоспитализација на пациентите, бидејќи бројките неколку денови се движат од 55 до 58, за разлика од претходната недела, кога се пополнија сите слободни места и се додаоа кревети, Шуманска со одговор дека секојдневно од одделението се испуштаат од седум до осум пациенти.

-Еве денес се испишани девет пациенти, но се примени десет нови пациенти, на кислородна поддршка се 28 пациенти. Точно е дека нема преголемо зголемување на бројот, во однос на едвиденцијата, којашто се води секојдневно, посочи Шуманска.

Во штипската Клиничика болница пристигнати се брзите тестови и се распределени по сите одделенија, засега пред Ковид центарот нема војници и полицајци.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!