Почна масовната вакцинација против Ковид-19: Прво ќе се вакцинира војската

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека почнало масовно вакцинирање против коронавирус меѓу припадниците на војската.

– Во план е да се вакцинираат повеќе од 400.000 војници, рече Шојгу.

Министерот истакна дека вакцината досега ја примиле околу 2.500 луѓе, а планот е до крајот на годината да бидат вакцинирани 80.000 припадници на Министерството за одбрана.

Вицепремиерката Татјана Голикова претходно рече дека масовната вакцинација во Русија е планирана за 2021 година и дека ќе биде доброволна.

Таа рекла дека 117.000 дози од вакцината „Спутник V“ веќе се на пазарот, а до крајот на годината ќе бидат произведени повеќе од две милиони дози.

Извор: Слободен Печат

Коментари

коментари

error: Content is protected !!