среда, 22 септември, 2021

Бразилскиот претседател: Нема да примам вакцина за коронавирус, тоа е мое право

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против вирусот корона.

Тој во видео објавата на социјалните мрежи во четвртокот вечерта рече дека Конгресот нема да донесе декрет за воведување на задолжителна вакцинација и дека нема да се бара тоа од граѓаните.

“Јас ти велам, нема да го прифатам. Тоа е мое право”, рече Болсонаро, пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, уште еднаш изрази сомнеж за ефективноста на носењето маска и имплицираше дека има малку докази за ефикасноста на маската во спречување на ширењето на вирусот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!