среда, 22 септември, 2021

Апасиев дели бесплатни политички совети: Не земај збор на натпартиски протест, ако си ПАРТИСКИ лидер, за да не го исквариш

Вчера двете опозициски партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица одржаа протести.

Во еден момент пред присутните се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој доби свирежи од дел од присутните, веројатно приврзаници на Левица.

Овој протест, како што најавија од Левица е надпартиски и истите побараа никој од политичарите да не се дрзнува да излезе на говор, затоа што може да направи револт.

Член на Централниот комитет на Левица, Бобан Кочовски уште пред почетокот на протестот порача:

-Уште ова од мене: Ако мислат Мицко, Бачев, Солза, Попот или БИЛО КОЈ ДРУГ да идат вечер за да си држат митинг, поарно нека не идат! Лошо ќе си поминат!

По завршувањето на протестот, тој истакна дека е разочаран и револтуран.

Јас сум разочаран и револтиран. Се оградувам од се што правеа они. Срамно е на кое ниско ниво се сведени. Наместо да си бевме Левица и народот, поштено да праевме притисок на Заев, Мицковски квалитетно одработи за СДС. Сега гледам зошто него го мразат и неговите, напиша Кочовски.

Првиот човек на партијата и член во Собранието на Македонија, Димитар Апасиев индиректно упати порака до Мицкоски.

Прво правило на политичката прагма: Не земај збор на НАТПАРТИСКИ ПРОТЕСТ, ако си ПАРТИСКИ ЛИДЕР, за да не го исквариш. Остај го народот да се искаже, а ти слушај ги неговите маки и крој ја стратегијата на Борбата, напиша Апасиев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!