недела, 24 јануари, 2021

Заев: Бугарија не била фашистички окупатор – тие го ослободиле Скопје и Куманово од фашистите

о интерес и на Скопје и на Софија е целосно да се спроведе Договорот за пријателство и да се надминат недоразбирањата, а Северна Македонија и целиот регион да бидат дел од ЕУ. Наследивме ситуација која не беше во прилог на пријателството меѓу Македонците и Бугарите. Најлесно е ситуацијата да се остави така или да се влоши, но треба да бидеме храбри и да ги подобриме работите. Тврдам дека двата народа се многу блиски и го сакаат најдоброто едни за други, истакнува меѓу другото премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС.

– Ние сме целосно подготвени да ги исполниме нашите обврски, а Бугарија се обврза да ги исполни своите. Само спроведувањето на Договорот е начин да се изгради уште поголемо пријателство и соработка меѓу двете земји, изјави Заев

Факт е, вели, дека ние сме Македонци и збруваме македонски јазик и тоа е право на самоопредлување, а Бугарија како прва земја што ја призна нашата независност, признавајќи го суверенитетот и државата, го призна и нашето право на самоопределување.

– Значи, тука нема сомнеж – дека сме Македонци и зборуваме македонски, тоа е факт. На крајот на краиштата, тоа е чувство, правилно е. Секој може да се дефинира како што сака, како што се чувствува, итн. Вие знаете дека имаме многу националности, освен Македонците – Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Роми, имаме и Бугари кои живеат во земјата. Тие се наши граѓани и се добар мост за соработка меѓу двете земји и верувам дека во иднина она што треба да го разјасниме пред сè е тој историски момент, но низ призмата на пријателството. Бугарија многу често нагласува дека ја препознава реалноста дека Македонците и македонскиот јазик постојат, истакнува Заев.

За отворените историски прашања, смета дека можат да бидат надминати, пред се од историчарите.

– Историјата може да биде добар мост за пријателство и соработка. Се надевам дека целиот овој процес ќе заврши успешно и што е можно побрзо, за да може сè да се отвори до крај и да се види дека Бугарија е голем пријател на Македонија. Отсекогаш била и сега е. Дефиниравме заедничка прослава за историски личности од средниот век, за Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум, имаме записници. Верувам дека двете земји се подготвени да ги објават, затоа што мора да ги вклучиме во учебниците. Бидејќи новите генерации не ја знаат целата оваа реалност, а таа мора да не обединува. И во Северна Македонија и во Бугарија, тоа влијае на луѓето на многу погрешен начин. Треба да го смениме тоа. Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Зашто тоа не е така – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател. Имало некогаш некоја администрација, во тој момент, на почетокот, a после тоа Бугарија се дига заедно со антифашозмот, се бори за слободата, за демократијата, и апсолутно е дел од антифашистичкиот фронт, истакнува Заев.

Вели дека минатото оставило многу неправди во Македонија за време на поранешна Југославија и за време на комунизмот.

– Многу граѓани доживеале неправда, вклучително и Бугари и други. И сето тоа се одрази врз македонската нација. Но, мора да признаеме дека од 2017 година отворивме многу добра перспектива. За жал, од овие 3 години, една година помина во корона криза. Имаше избори во Македонија, се случија многу работи. Имаме теми на кои можеме да соработуваме во иднина и верувам дека само пораките за пријателство имаат корист за граѓаните на двете земји, изјави Заев.

За заедничката историја и за Гоце Делчев, смета дека не треба да ги дели туку да ги обединуваат граѓаните на двете земји – Бугарите и Македонците.

– Заедничката, оштата историја е задничка и општа и треба да ја оставиме да не сплотува, граѓаните и Бугари и Македонци да си чувствуваат за своја. Затоа, ако го немаше Гоце Делчев, ќе требаше да го измислиме за да не обедини. Зашто историјата е заедничка во еден минат регион, територијата на регионална Македонија, каде што живееле Македонци кои зборувале македонски. Живееле и Бугари кои зборувале бугарски. Живееле луѓе кои се чувствувале истовремено и Бугари и Македонци. И ова е апсолутно право. Ние, двете земји, мора да бидеме доволно паметни да ја искористиме оваа заедничка историја за да изградиме мостови на пријателство. Затоа велиме дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел и за слободата на Македонија, и за Одринско и за сè. И тоа е апсолутна реалност, вели Заев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!