петок, 26 февруари, 2021

Во Сибир се подготвуваат за одгледување на најкорисната риба на светот

Според тврдењата на Сибирскиот федерален универзитет, рибата езерска златовчица од фамилијата Salvilinus од езерото Собачје е најкорисната риба на светот, затоа што содржи рекордна количина на омега три масни киселини.

Ова за новинската агенција РИА „Новости“ го соопшти службата за односи со јавноста на наведениот универзитет.

Доколку би се започнало со комерцијален риболов, популацијата на златовчицата многу брзо би била уништена. Затоа научниците сакаа да откријат што ја прави толку уникатна оваа риба и да се обидат да создадат услови во кои таа успешно би се размножувала.

Истражувачите се упатија на експедиција на островот Тајмир за да престојуваат на езерото Собачје и да земат биолошки материјал од мажјаци и женки кој би им послужил во експериментите за одгледување на златовчица.

Главен проблем во експериментот претставува зачувувањето на благотворните својства на златовчицата, полинезаситените масни киселини. Прашањето на генетската предиспозиција на оваа риба за синтеза на омега три масните киселини допрва почна да се проучува. Научниците се генерално многу оптимистички настроени во поглед на перспективата на експериментите во одгледувањето на оваа риба.

Полинезаситените масни киселини омега три ги јакнат имунитетот, срцето и репродуктивниот систем, придонесуваат за создавање на таканаречениот хормон на среќата серотонин и ги намалуваат симптомите на депресија. Редовно се применуваат во својство на превентива на онколошки заболувања и зачувување на младешкиот изглед на кожата.

Извор: Russia Beyond

Коментари

коментари

error: Content is protected !!