Малолетник крадел во кафеана во Аеродром

Малолетник бил уапсен откако е фатен на дело додека краде во угостителски објект во Скопје.

-Денеска (25.11.2020) во 03.20 часот полициски службеници од ЕВР ОКР Аеродром и Драчево лишија од слобода малолетник, кој бил фатен на лице место при извршување на кривично дело „тешка кражба” во угостителски објекти на бул. „АСНОМ”” информираат од полиција.

Кај малолетникот се пронајдени предмети од кривичното дело и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: skopskoeho.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!