среда, 22 септември, 2021

Елен му ја украл пушката на ловец и побегнал

Чешката полиција побарала помош за решавање на необичен случај, откао елен му ја украл пушката на еден ловец и побегнал.

До инцидентот дошло откако куче го исплашило еленот, кој потоа дотрчал до еден од ловците, му го искинал ракавот и со роговите го зафатил каишот од пушката „Hornet 0.22“, соопштено е од полицијата.

„Пушката, која ловецот на држел на левото рамо, за среќа без муниција, се лизнала на роговите на еленот и исчезнала со него“, наведува полицијата.

Полицијата соопштила дека друг ловец подоцна го забелажал еленот, кој и понатаму ја носел пушката на одалеченост од околу еден километар, пренесе „Ројтерс“.

“Ловците ја пребарала шумата, но не ја нашле пушката. Немал избор освен да го пријави инцидентот во полиција“, навела полицијата додавајќи дека доколку некој го најде оружјето треба да ги контактира властите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!