Владината прес-служба отркива: Владата има нов генерален секретар

Поранешниот пратеник и актуелен потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири е назначен за генерален секретар на Владата, потврдија за за МИА од владината прес-служба.

Одлуката за тоа е донесена на денешната владина седница.

Мухамед Зекири доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Вечерва има седница на Влада, каде се очекува сето ова официјално да биде потврдено.

Во текот на вечерта се очекува и изјава од новиот генерален секретар на Владата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!