Тажна вест: Почина тапанарот на „Амадеус Бенд“

Тапанарот на „Амадеус бенд”, Бојан Златановиќ – Токен, почина во својата 45-та година од последици од вирусот Ковид-19.

Златановиќ 10 дена бил на респиратор по што денес ја загубил битката со опасниот вирус.

„Драги пријатели. Со голема болка и неизмерна тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 24.11.2020 година, нашиот Бојан Златановиќ – Токeн не напушти прерано. Неизбришливата трага на Токeн ќе продолжи да живее низ Амадеус и сите нас, низ сето она што тој ни го довери како голем човек пред сè, низ ритамот што го вткае во нашите срца и низ спомените со кои ни ги облагородуваше душите. Те сакаат засекогаш твоите Амадеус. Му благодариме на целиот персонал на болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“ за несебичната жртва и работата во борбата против оваа злобна болест. Држете се и пазете се!” – објавија „Амадеус бенд”.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!