Откако го прозваа дека постари пациенти не се примаат: Филипче излезе со ФАКТИ

Во изминатите 24 часа, на социјалните мрежи се расшири статус во кој жена тврди дека нејзината мајка, инаку постара од 70 години, не била примена во ГОБ 8-ми септември на лекување, затоа што предност имале помладите.

Сепак, набрзо потоа со факти и бројки излезе министерот Венко Филипче, кој всушност ја демантираше оваа вест.

-Утрово, од ДСЗИ побарав да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи и во медиуми излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид центарот во таа болница бил вратен поради неговата возраст.

ДСЗИ ме информираше дека по извршениот надзор е утврдено дека во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години.

Пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет, а додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран.

Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст. Секој пациент, без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!