недела, 24 јануари, 2021

Селекторот на фудбалската репрезентација објави: Позитивен сум на Ковид-19

Сениорската женска фудбалска репрезентација на Македонија во петок ќе го одигра последниот натпревар од групата Г во квалифкациите за Европско првенство.

Нашата селекција на табелата го зафаќа 4-то место од вкупно 5 селекции, а на самото дно е Казахстан, тим со кој ќе ги одмериме силите и тоа на гостински терен.

Единствените три бодови во групата ги освоивме против Казахстан, репрезентација која ја совладавме со убедливи 4:1.

Нашата селекција во последниот дуел од групата ќе биде дополнително ослабена, откако селекторот Кирил Изов денес бил позитивен на Ковид-19.

-Почитувани,би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, денес на тестирањето пред собирот со Женската фудбалска репрезентација на Македонија, добив позитивен резултат за Ковид 19.

Моментално се наоѓам во домашна изолација и немам никакви симптоми. Чувајте се сите,- напиша Изов.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!