недела, 6 декември, 2020

Позитивни се вестите – познато колку ќе изнесува цената на вакцината

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за фер дистрибуција на вакцини против коронавирус, лекови и тестови во целиот свет, така што тие ќе бидат достапни за посиромашните земји.

Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите.

Нема да штедиме напори за да обезбедиме сите луѓе да имаат еднаков пристап до вакцините“, велат лидерите на Г20 во нацрт-документот.

Европските официјални лица сакаат да постигнат договор со „Модерна“ за набавка на милиони дози од нејзината потенцијална вакцина по цена помала од 25 долари за доза, пренесува Ројтерс.

Фармацевтската компанија „Модерна“ ќе ја продава својата вакцина против коронавирус на државите по цена од 25 до 37 долари за доза, во зависност од нарачаната количина, изјави извршниот директор Стефан Бансел.

Европските официјални лица сакаат да постигнат договор со „Модерна“ за набавка на милиони дози од нејзината потенцијална вакцина по цена помала од 25 долари за доза, пренесува Ројтерс.

Модерна рече дека нејзината експериментална вакцина е ефикасна 94,5 проценти во спречувањето на инфекцијата ковид-19, заснована на последната фаза од клиничкото испитување.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!