недела, 6 декември, 2020

Цела Македонија тагува: Болеста беше посилна – Почина глумецот Мустафа Надаревиќ

Легендарниот глумец, Мустафа Надаревиќ, почина во 77 година од животот.

Во јануари му бил дијагностициран рак на белите дробови. Во февруари стигнале вести дека лекувањето носи позитивни резултати.

Во почетокот на март, стигнал во Сараево заради снимање нови епизоди на серијата во која ја играл главната улога, која била прекината заради пандемијата. Тогаш се вратил во Загреб, а кон крајот на март бил примен во болница.

Надаревиќ е роден во 1943 година. Во 1969 година станал член на Драмата на Хрватскиот народен тетар.

Освен театарски, имал и многу филмски улоги. Една од најпознатите е во филмот „Татко на службен пат“ на Емир Кустурица во 1985 година. Потоа следеле филмвите „Веќе видено“ на Горан Марковиќ, „Глембаеви“ на Антун Врдољак во 1988 година итн.

Телевизската публика ќе го помни и по улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален, која е снимана од 2006 до 2017 година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!