недела, 6 декември, 2020

Ангеловски: Сакам да ја предводам Македонија на ЕУРО, ама не зависи од мене

Во интервју за полскиот „Супер Експрес“, селекторот Игор Ангеловски меѓудругото зборува и за неговата иднина во македонската фудбалска репрезентација.

Ангеловски ја одведе Македонија на Европско првенство, селекторот со овој успех испиша историја за македонскиот фудбал, но неговиот договор со ФФМ завршува со крајот на оваа година.

Тој вели дека од ФФМ се уште не добил понуда за нов договор и не знае дали тоа ќе се случи.

„Имам договор до крајот на оваа година. Јас ја завршив мојата работа. Јасно е дека сакам да ја водам Македонија на Европското првенство. Но досега никој не зборувал со мене за продолжување на договорот, не знам што ќе се случи следно. Не зависи од мене, сега е на другите (ФФМ) да го направат следниот чекор“, вели Ангеловски за „Супер Експрес“.

Би било преседан доколку ФФМ одлучи со друг селектор Македонија да оди на Европско првенство. Ангеловски има огромна поддршка од фудбалерите, доколку има потреба тие секако ќе застанат зад него.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!