сабота, 5 декември, 2020

Секоја чест Петар: Богојески ја нуди бесплатно Шула Мина во Крушево да биде ковид центар

На својот фејсбук профил Петар Богојески од Македонски концепт бесплатно го нуди туристичкиот комплекс Шула Мина во Крушево да биде ковид центар.

Јавно им се обраќа на Министерството за здравство, на министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев.

Во ова кризно време невреме за мојот народ и мојата Македонија, по трет пат (сега веќе јавно) ги известувам Министерство за здравство, Венко Филипче и Зоран Заев дека го ставаме на располагање целокупниот капацитет (280 кревети) на Adventure Park & Restaurant Woodland (популарната Шула Мина) во Крушево, на здравствениот систем, без надоместок.

Богојески вели дека тој сам и неговото семејство поминуваат низ корона пеколот и точно знае што им треба на болните од ковид-19:

Објектот се наоѓа во боженствена природа, а започнал да постои за време на Првата светска војна како кислородна бања за болни од туберколоза!

Бидејќи лично јас и моето семејство, поминуваме низ корона пеколот, точно знам што им е потребно на болните! Таму само да престојуваш два дена, пневмонијата ќе исчезне од кислородот од Беговата / Крушевската Корија!

Нема потреба да градите нови монтажни болници и да трошите милиони од овој напатен народ! Купете само нафта, нешто имаме ние, донесете медицински персонал заедно со семејствата и нека се лекува нашиот народ! Бидејќи јас и членови на моето семејство, за кратко ќе имаме имунитет на корона, доброволно се пријавуваме да волонтираме и да помагаме на лекарите и на болните, вели Богојески.

Ако сметате за потребно, тука сме! Вие си знаете!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!