сабота, 5 декември, 2020

Путин: Светот е во поголема криза отколку за време на Големата депресија

Рускиот претседател Владимир Путин за време на својот говор на самитот на Г20 рече дека светот е во невиден проблем, дека во 2020 година, човештвото се соочи со криза поголема од онаа за време на Големата депресија.

„Износот на проблеми со кои се соочува човештвото е навистина невиден. „Епидемијата на вирусот корона, глобалнотозаклучување и замрзнувањето на економската активност предизвикаа систематска економска криза што светот не ја виде од Големата депресија “, рече тој.

Путин оцени дека најголемите ризици во светот во овој момент се невработеноста и сиромаштијата, што доведува до социјално незадоволство.

„Пандемијата однесе стотици илјади животи, милиони лица ги загубија своите работни места, своите приходи, предизвика сериозни штети на многу економии“, нагласи тој.


Според Путин, работата на групата 20 најразвиени земји (Г20) е да спречат ваков развој на настаните.

Г20 се состои од Германија, САД, Аргентина, Австралија, Бразил, Кина, Индонезија, Франција, Јужна Африка, Јужна Кореја, Индија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Турција и Европската Унија

Тој исто така изјави дека постои огромен ризик од девалвација на националните валути, особено кога станува збор за земји со ниски примања, затоа е потребно да се издвојат средства со цел тие земји успешно да се справат со последиците од епидемијата.

За време на својот говор, Путин на сите учесници на самитот Г20 им презентираше податоци за вакцините направени од Русија против вирусот корона, велејќи дека вакцините треба да бидат достапни за секого и дека Русија е подготвена да ги понуди своите на сите земји на кои им се потребни.

Заедничката цел на Г20 е да им обезбеди на глобалното население вакцини, рече претседателот, додавајќи дека Русија е подготвена да им обезбеди на земјите кои имаат потреба од вакцините Спутник V и ЕпиВакорона.

„Русија го поддржува проектот што го претставува Г20, а тоа е да се направат ефикасни и безбедни вакцини што ќе бидат достапни за секого. „Русија е подготвена да ги понуди своите вакцини на сите земји на кои им се потребни“, посочи тој.

Тој објасни дека Русија досега направила три вакцини, дека две се веќе целосно развиени, додека третата е на пат да биде целосно завршена.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!