сабота, 5 декември, 2020

Лекарите со молба до граѓаните: Преморени сме, Ве молиме почитувајте ги препораките, носете маски, држете дистанца

Додека бројката на заболени во светот од коронавирусот минува рекорди, заразени во светот има над 58 милиони, лекарите секојдневно се трудат и го даваат својот максимум во борба против пандемијата како во светот, така и кај нас.

Преку видео порака, здравствените работници во земјата бараат поддршка од граѓаните и апелираат на почитување на мерките. Тие велат дека се преморени, но дека не се откажуваат, и бараат помош од граѓаните со почитување на препораките.

Додаваат дека го даваат својот максимум во борбата со вирусот. Капацитетите на болниците се веќе преполни, напоменуваат тие.

Се обратија докторите Милена Стевановиќ, Дејан Докиќ, Калина Гривчева-Старделова, Илир Демири, Ирена Рамбабова Бушљетиќ, Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири, е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за пациентите.

„Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка“, порачуваат докторите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!