среда, 22 септември, 2021

Во најава нови потреси: Министерот за одбрана поднесе оставка – причината не е позната

Него ќе го замени советникот на премиерот, Вагаршак Хартујунјан, објави денеска државната телевизија, a пренесе „Тасс“.

„Давид Тонојан поднесе оставка, а главниот советник на премиерот Никола Пашнијан ќе го замени. Тој веќе беше на чело на Министерството за одбрана пред 20 години“, наведува изворот на агенцијата „Тасс“.

Тонојан дојде на министерското место во мај 2018 година, по политичките промени во земјата, а пред тоа беше министер за вонредни состојби и заменик министер за одбрана.

Генералот Хартујунјан беше министер за одбрана помеѓу 1999 и 2000 година.

Колку за потсеќање, порано раководството на ерменското министерство беше остро критикувано поради разочарувачките резултати во судирот во Карабах.

Војската на Азербејџан влезе на територијата која ја држеа ерменските сили

Азербејџанската војсна влезе во регионот Агдам, која ерменските сили ја отстапија со договор за да прекине огнот, кој траеше околу 6 недели.

Во договорот што го постигнаа двете страни, предвидува Ерменија да му предаде на Азербејџан контрола над областите надвор од границите на Нагорно-Карабах, регион од Азербејџан, со поголем дел на жители од Ерменија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!