сабота, 5 декември, 2020

Државните и јавните службеници од 1 декември ќе работат од дома – дали и Македонија треба да го следи примерот?

Државните и јавните службеници во Хрватска од 1 декември ќе работат од дома.

Како што неофицијално дознава порталот Индекс.хр, таквата одлука била договорена со цел да се запре ширењето на коронавирусот во службените простории.

За оваа мерка да стапи на сила, министерот за правда и администрација мора да подготви формално решение, што треба да се донесе во следните 10 дена.

Набрзо откако оваа информација се појави на повеќе портали, во коментари може да се забележи и како вработени во администрацијата во Македонија ја поздравуваат оваа одлука, воедно барајќи истата да се спроведе и кај нас.

Дали е време за ваква револуционерна одлука и во нашата држава, на крај последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести и министерот Венко Филипче.

Кој е вашиот став на оваа тема?

Коментари

коментари

error: Content is protected !!