сабота, 5 декември, 2020

Доктор им давал смртоносни инекции на болните со тешка форма на корона вирус

Многумина го осудија овој потег на лекарот, но има и такви кои го одобрија.

Германската полиција соопшти дека отворила истрага за убиство против доктор од градот Есен за убиство на двајца тешко болни пациенти заразени со коронавирус, соопштија властите.

Лекарот (44), кој работел во Универзитетската болница во Есен од февруари, е осомничен за убиство на двајца мажи, на возраст од 47 и 50 години, кои биле на интензивна нега и биле заразени со коронавирус и имале потешка форма.

Тамошната полиција вели дека лекарот признал едно од убиствата, велејќи дека сакал да ги поштеди пациентот и неговите роднини од понатамошно страдање.

Билд известува дека лекарот ги информирал семејствата на пациентите пред да им даде смртоносна инјекција.

Пациентите во Германија можат да побараат помош за ставање крај на сопствениот живот врз основа на пресудата донесена минатата година, но сè уште е нејасно дали тоа се случило во овој случај.

Болницата во Есен соопшти дека лекарот бил суспендиран и бил испрашуван од полицијата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!