сабота, 5 декември, 2020

Апсења во Албанија по земјотресот: Издадени 17 налози за апсење на градежници, инженери и инвеститори во

Обвинителството на Албанија издаде 17 налози за апсење по обвиненија за убиство и злоупотреба на службената позиција поради смртта на 51 лице кои настрадаа во земјотресот со јачина од 6,4, при што се урнаа десетици згради. Засега се уапсени три лица.

Полицијата и обвинителството соопштија дека првичните истраги покажале дека „причината за губењето животи во урнатите згради е тоа што градежниците, инженерите и инвеститорите не се придржувале на правилата, нормите и стандардите на безбедна изградба“, пренесува Ројтерс.

Две од лицата кои досега се притворено по обвинија за убиство се сопственици на два хотела во Драч кои се урнаа, при што загинаа четири лица.

Двата хотели се изградени нелегално, а се наоѓале на јадранскиот брег, јужно од Драч.

Третото уапсено лице е менаџер на хотел во сопственост на полицијата во кој загинал висок полициски функционер.

Полицијата соопшти и дека некои од 17-те луѓе по кои се трага се во бегство.

Од падот на комунизмот, голем број жители на Албанија се преселија во блиските градови, населувајќи земја и објекти кои властите не ги контролирале премногу.

Голем број од објектите претходните влади ги легализираа во цел да добијат гласови, но и да ги урбанизираат тие области, воведувајќи канализациски системи и патишта.

Албанија допрва треба да ја пресмета цената за изградба на станови за 14.000 луѓе кои останаа без покрив над главата во земјотресот.

Извор: mkd.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!