понеделник, 18 октомври, 2021

Со пет негативни теста, мајка ми почина од Ковид-19, тврди син на почината пациентка во Штип

Штипската телевизија „Стар“ објави видео прилог во кој синот на почината пациентка тврди дека таа пет пати била негативна на вирусот, а сепак била заведена дека е почината од корона.

Со пет негативни тестови, 54 годишната штипјанка Ругман Хусеинова, е заведена како една од 49-те жртви на корона вирусот во Штип, објавува телевизијата.

Неколку денови по нејзината смрт, нејзиниот син се сомнева во целиот процес.

-И дадоа упад да ја носиме во Инфектино одделение, каде и беа направени 5 тестови, нема никакви симптоми на Ковид-19. Температура има 36,1. Но, велат штом е овде ќе ја третираме како сомнителна за Ковид-19. Многу спиеше, поради што таму ја однесов.

Од третиот ден мајка ми како да исчезна, тешко е да ја испитаме, тешко е, не знам што им беше тешко. Кога отидов кај матичната, таа ми кажа дека мајка ми е почината и ја зедовме во сандак, ние сме муслимани и ја погребавме. Како да починала од Ковид-19, вели синот.

За оваа ситуација се огласија и од Клиничката болница во Штип, каде во изјава за ТВ Стар истакнаа:

-Пациентката беше примена со кашлица, болки во мускулите, масивна билатерална пневмонија и сатурација од 40%, карактеристични за пациентите со Ковид 19. Хоспитализирана е на Инфективното одделение, каде соодветно е третирана. Поставена е на кислородна поддршка, дадена и е антибиотска, бронходилататорна, антикоагулативна и витаминска терапија. И покрај адекватниот третман, пациентката заврши со летарен исход.

Повеќе за ова на ТВ Стар.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!