сабота, 5 декември, 2020

Пожарникарите ќе добијат 20% повисока плата од следниот месец

По долготрјаните и исцрпните преговори помеѓу Град Скопје и синдикатите на скопските пожарникарии, денес при посетата на градоначалникот на Град Скопје во станицата на противпожарната бригада во Автокоманда се реши проблемот околу платите на пожарникарите.

Платата на пожарникарите ќе биде зголемена за 20% согласно барањата, и добиените судски пресуди.

„Најдовме законска форма овој проблем да биде бајпасиран со потпишувањето на денешниот правилник, до донесовањето на законот. Моето инсистирање, и како градоначалник и како претседател на ЗЕЛС, е дека ние мора да имаме законска форма на решавање на проблемот на пожарникарите на ниво на целата држава, бидејќи ова е едно парцијално решение кое се однесува само на противпожарната бригада на Град Скопје. Овие луѓе секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ги отстранат опасностите во кои се наоѓаат граѓаните и таа нивна благородна дејност мора да биде опфатена со целосно законско решение“, изјави градоначалникот Шилегов.

Исто така тој кажа дека ќе се залага со опремување на противпожарната бригада и подобрување на условите за работа.

„Ја подобруваме опремата која што ја имаат пожарникарите, ги подобруваме техничките ресурси, скалата очекуваме наскоро да дојде, заз да ја аолесниме и така тешката работа која ја работат овие луѓе . Задоволство ми е што успеавме сите инволвирани страни- Градот Скопје, синдикатите, Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и Кабинетот на премиерот, да изнајдеме решение кое ќе гарантира соодветен надоместок за трудот и ангажманите до донесувањето на законското решение“, нагласи Шилегов.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!