петок, 26 февруари, 2021

Треба ли да убијам човек за шише вода – потресно сведоштво на пациент болен од коронавирус во штипската болница (ВИДЕО)

Телевизијата Клан на својот Фејсбук профил сподели видео направено на инфективното одделение во штипската болница.

На видеото освен катастрофално лошите услови, пациентите сведочат и како никој од медицинскиот персонал не им се наоѓа на помош, ниту им пружаат нега.

-Шеќераш сте така? Да шеќераш сум.

-Барав вода да ми се донесе, затоа што од шеќерот пијам многу апчиња. На ден ставам инсулин над 100 дози, 106. Синоќа ми беше шеќерот 25, сабалје гледам на 15,3, кажав на докторите колку е шеќерот но до сега нема ништо од нив.

-Сега барав вода, излегов тука, но од таму ми се јави некоја сестра или докторка и ме испокара и вика оди. Еден човек претходно ми донесе шише вода и на чистачката што мете и реков да ми донесе ..

-И сега што да правам? Да убијам човек за едно шише вода. Срамота. – објаснува човекот, чиј идентитет е сокриен.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!