сабота, 5 декември, 2020

ВИДЕО: Коментаторите на МТВ со бура од емоции по последниот свиреж на судијата

Тони и Горан беа снимени како ги преживеаја последните моменти од дуелот во Тбилиси.

Фудбалот не е само спорт, фудбалот е и емоција. Без емоции, фудбалот не е ист. Коментаторите на Македонската национална телевизија, Тони Стојановски и Горан Стерјов, покажаа дека го сакаат фудбалот, дека ја сакаат Македонија, и многу емотивно, речиси во транс, го проследија последниот свиреж на судијата Тејлор, што значеше и пласман на нашата репрезентација на Европско првенство.

Илјадници Македонци на ист начин ја доживеаја победата, а коментаторите на МТВ кои беа во Тбилиси беа снимени во тие историски моменти на излив на радост.

“Кога нè оспоруваат: и име… и презиме… и нација… и ген… eве нè во Европа!

Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација.

Ќе стојат мирно на нашата химна!

Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните и другите и третите и четвртите!

Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата.
Да цитирам зборови од нашата поезија:

СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА ЗАТОА ШТО ИМА ЗОШТО ДУША ДА Е! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ!!!”

Реакцијата на колегите од МТВ може да ја видите тука.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!