среда, 1 декември, 2021

Фудбалерите треба да слетаат на скопскиот аеродром – Заев и Груби ќе ги пречекаат

Премиерот Зоран Заев и првиот вицепремиер Артан Груби ќе ги пречекаат членовите на македонската фудбалска репрезентација на Скопскиот аеродром.

Како што соопштија од Владата, се очекува македонската фудбалска репрезентација, вечерва по полноќ, да пристигне од Тбилиси на меѓународниот аеродром „Скопје“, откако обезбеди пласман на Европското првенство.

Иако првично, портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски ги извести новинарите дека авионот првично треба да слета во Приштина.

Владата на Македонија одржа седница по победата на Македонија во Тбилиси со 1-0, и реши да ги награди македонските репрезентативци со по 10.000 евра.

„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, напиша премиерот Зоран Заев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!