Вест која ретко кој ја очекуваше: Заев ја потврди – да, даде оставка

Оставката денеска ја потврди и премиерот Заев кој истакна дека Рашковски уште пред месец и пол поднел оставка.

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата поднел оставка, но ќе остане да работи на тоа место додека Владата не најде ново решение. Засега нема одлука кој ќе го наследи.

„Генералниот секретар Драги Рашковски поднесе оставка пред месец и пол, тој ја извршува функцијата додека не дојде нов. Правиме консултации сè уште, лично јас како претседател на Владата кој сум овластен предлагач и ќе има нов генерален секретар. Немам донесено одлука, штом ќе ја донесеме, ќе соопштиме“, рече Заев.

За негов заменик се шпекулираше некогашниот министер и пратеник Дамјан Манчевски, но тој неодамна ја напушти политиката, и се сели во приватниот сектор.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!