понеделник, 15 август, 2022

Венко Филипче ја честиташе победата и кажа како да се слави

Политичкиот врв во Македонија преку социјалните мрежи со честитки го поздрави историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство.

-Историски успех на македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас! Одиме на Европско, честиташе претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе, напиша на Фејсбук, премиерот Зоран Заев.

-Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува. Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци.Напред Македонијо, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација.

МАКЕДОНИЈА НА ЕУРО 2021!!!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!