понеделник, 19 април, 2021

Сонот е ЈАВЕ – МАКЕДОНИЈА се пласира на Европско првенство

Во првиот дел очекувано, тврда и рововска битка се водеше на теренот во Тбилиси меѓу Грузија и Македонија.

Главно играта на средината на теренот, со многу борба, и со многу грешки. Грузијците беа нешто подобри во поседот на топката, имаа и три шанси, додека Македонија еднаш преку Пандев се закани со директна закана кон Лорија, кој одбрани и изби во корнер.

Во вториот дел средбата започна мирно, а потоа, во 56-та минута се случи најдобриот момент од средбата.

Акција како од фудбалските учебници, во тика-така стил. Елмас си поигра со противниците, со топката играше и Несторовски, а одличната акција со гол ја круниса Горан Пандев.

Во остатокот од средбата Македонија беше подобар противник, уште две одлични шанси за гол имаше Елмас, најпрво во 66-та, а потоа и во 75-та минута од средбата.

До крајот нашите момци издржаа и го остварија сонот – обезбеден пласман на Европското првенство 2021 – за прв пат во историјата на Македонија!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!