четврток, 28 септември, 2023

Секогаш хумани: Фондацијата Гејтс донира уште 70 милиони долари за ковид-вакцина

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ донираше уште 70 милиони долари за развој и дистрибуција на вакцината против Ковид-19.

Фондацијата соопшти дека 50 милиони долари ќе бидат донирани на ГАВИ Ковакс механизмот, со кој предводи Глобалната алијанса за вакцинација (ГАВИ), додека 20 милиони долари ќе бидат наменети за Коалицијата за иновации против епидемии (ЦЕПИ).

Донацијата, според Фондацијата е да се обезбеди сите да имаат еднаков пристап до тестовите, лековите и вакцината, кога ќе биде достапна, без оглед во кој дел од светот живеат.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ почна со собирање донации за ГАВИ Ковакс механизмот во јуни, а досега обезбеди 156 милиони долари.

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс кој во последно време е во центарот на светската јавност поради коронавирусот, за што има бројни шпекулации и теории на заговор во јавноста, сега се огласи за изборите во Америка.

Тој му честиташе на Џо Бајден откако американските медиуми го прогласија за победник на изборите.

Честитки за новоизбраниот претседател Бајден и потпретседателката Харис. Благодарение на изборните службеници и активисти за кампања кои неуморно работеа за да обезбедат рекорден број Американци да гласаат во толку предизвикувачко време за нашата земја. Со нетрпение очекувам да работам со новата администрација и лидерите од двете страни во Конгресот за да се стави пандемијата под контрола, да се ангажираат партнери низ целиот свет за прашања како што се сиромаштијата и климатските промени и да се решат нееднаквостите, напиша тој.

Познатиот американски бизнис магнат, филантроп, писател и претседател на Мајкрософт, поседува богатство кое се проценува на повеќе од 61 милијарди американски долари. Овој 56-годишен бинзисмен се наоѓа на четвртото место на најмоќни мажи во светот.

Коментари

коментари