Вооружен војник уби три лица на воен аеродром во близина на рускиот град Воронеж, изјави извор од регионалните служби за итни случаи.
Изворот наведува дека војникот се забарикадирал на територијата на воената единица, пренесува Танјуг.
-Војникот отвори оган од пиштол што го зеде од офицерот. Три лица беа убиени. Напаѓачот сега се забарикадирал на територијата на воената единица, посочува изворот.
„Москва тајмс“ пишува дека војникот уби тројца свои колеги, од офицерот зел пиштол и се затворил по пукањето на аеродромот во Балтимор. Меѓу жртвите, како што пренесува ТАСС, има двајца офицери и еден војник под договор, додека четвртата жртва преживеала и е во болница.

Медицинските служби соопштија дека пукањето се случило во 5.45 часот наутро. Интерфакс цитираше неименуван извор кој го идентификувал напаѓачот како 20-годишниот Антон Макаров.
Извештаите се разликуваат, при што некои медиуми објавија дека војникот избегал, додека други велат дека се затворил во објект на аеродромот по пукањето.