Како до брзи тестови? На 6 пункта во Скопје се тестира – одлуката за тоа паѓа само на една личност

Од денеска на 6 пункта во Скопје се се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит Пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан.

Овие тестови се за детектирање на вирусот КОВИД 19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути.

Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето.

Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест.Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку Мој термин.

ора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен но симптомите сугерираат на КОВИД 19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на КОВИД19 вирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината.

МЗ контиунирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава .

Коментари

коментари

error: Content is protected !!