Голема загуба: Почина штипјанецот за кого се собираа донации за лекување на приватна клиника

Ристе Донев oд Штип за кого се собираа донации за лекување од Ковид-19 во приватна болница почина, објави Телевизија 24.

Лекувањето во приватна болница на педесет и тригодишниот Донев беше единствена надеж за неговото семејство кое собираше донации за да плати 12 илјади евра на приватната клиника.

Тој беше со тешка клиничка слика.

Што да кажам? Се искажува ли болка со обични зборови? Ти замина, но остави убави спомени од мигови поминати заедно во клубот. Патувај во свет без завид, свет без користољубие, свет без државно и приватно… Патувај и фотографирај ја небесната убавина, зашто земната одамна ме разочара. Вечно ќе живееш во нашите спомени и фотографии, Ристе! Почивај во мир… , – напиша Маја Рамона Крстевска, личноста која прва ја сподели пораката и повикот за донации за Ристе.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!