понеделник, 19 април, 2021

Добро утро другари: Да би објаснам како изгледа еден обичен ден во Македонија

Ретки се личностите кои можат во неколку реченици да ја кажат целата вистина. Една од нив со сигурност е „Ина Многуфина“, која на социјалните мрежи секојпат знае да направи „бум“.

Во својот последен Фејсбук статус таа буквално „растури“, иако не пишуваше многу, напротив кратко и директно во целта. Таа објасни како изгледа едно обично утро во Македонија.

Еве што напиша „Ина Многуфина“:

-Уставните судии сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата без да го поминат ова во Собрание.

Капацитетите во болниците се полнат, на луѓе што цел живот плаќаат здравствено сеа ќе им требаат околу 15 000 евра за да се лечат приватно, рушиме рекорди со смртни случаи, апелираме со месеци за основна хигиена и маска ко да сме племе вода што нема видено, нема никаква општествена одговорност, додека државниот здравствен систем пука по шавови, приватните се здробија од пари правење.

Градот ќе се кити за 200 000 евра, село гори баба се шатира. Сосема обичен понеделник во Македонија. Добро утро другари.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!