сабота, 5 декември, 2020

54-годишна советничка почина од Ковид-19

Уште еден смртен случај на Ковид-19 во државава, овој пат во Крушево.

Жрвата на коронавирусот била советничка на општина Крушево, наставничка и работник за влашката култура во Крушево.

Веста ја потврди градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку фејсбук статус во кој напиша:

„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот.

Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево.

Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот.

Сочуство до семејството.Нека почива во мир.“

Коментари

коментари

error: Content is protected !!