сабота, 5 декември, 2020

120 милиони за реконструкција на Универзална сала

Два милиони евра од ребалансот на Буџетот за нова реконструирана Универзална сала, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

До крајот на годината ќе биде распишан тендер за изведувач кој ќе треба веднаш да ги започне градежните работи.

Два милиони евра од ребалансот на Буџетот ќе бидат наменети за реконструкција на Универзална сала.

Петре Шилегов, Градоначалник на Скопје

Министерката за култура Ирена Стефоска вели дека покрај реконструкцијата на Универзалната сала се прават, како што рече таа, големи напори во буџетот на Министерството за култура за 2021 година да бидат предвидени пари за почеток на градење на новата концертна сала, за која, како што кажа, веќе постои проект.

Универзална сала е затворена повеќе од пет години кога требаше истата целосно да се урне и на нејзино место да се изгради комплетно нова сала.

Една година подоцна, во 2016, поради недостиг на пари Министерството за култура најави дека обновата на Универзална сала ќе биде според проектот што денеска го најавија Шилегов, Стефоска и вице премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Салата ќе го задржи сегашниот изглед и постојниот габарит но ќе биде надградена со застаклена галерија околу целиот објект и ќе има двесте седишта повеќе од сегашните.

Универзална сала е изградена со донации на повеќе држави како траен симбол на светската солидарност при обновата на Скопје на 26 јули 1963 година откако главниот град беше погоден од разорниот земјотрес.

Извор: 24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!